Ексл Роуз е новиот пејач на AC/DC

Фронтменот на познатите „Guns N’ Roses“ по се изгледа е новиот пејач на култниот бенд AC/DC!

Оваа неверојатна вест беше објавена на „Атланта Радио 100, 5“, а ја пренесоа голем број медиуми што ја следат хард рок и хеви метал музиката.

Како што се наведува во појаснувањето Ексл ќе го замени Брајан Џонсон, пејачот на AC/DC на остатокот од светската турнеја на бендот.

Ексл за време на викендот бил виден во Атланта, каде што бил на тонски проби со AC/DC.

Инаку на почетокот на месецот беше објавено дека AC/DC ќе ја одложи турнејата поради тоа што постои опасност нивниот пејач Брајан Џонсон да го загуби слухот. Тој бил предупреден од лекарите дека ризикува трајно да го загуби слухот.

AC/DC ја почнаа американската турнеја во Такома, Вашингтон, а европската би требало да почне на 7-ми мај во Лисабон.