Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Љубе Бошкоски го продава името на државата за пари

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Љубе Бошкоски го продава името на државата за пари

На интернет каналот „Ју Тјуб“ се појавија видео снимки, од кои јасно се гледа дека Љубе Бошковски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година.

Скандалозно е тоа што на видо снимките се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

Посредникот со грчки нагласок му кажува на Бошкоски дека грчката влада е воодушевена од она што Љубе го прави.

Снимките јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат давање на 70.000 евра за Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега морал да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговора на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Република Македонија.

Тој на посредникот му вели дека парите што му ги бара ќе ги искористи за нелегално финансирање на својата кампања и за плаќање на реклами на телевизиите.

Видеата отвораат и нов скандал со трговија со пратенички места, и со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата. Бошкоски јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица.

ФОТО: Printscreen You Tube