Експедиа прифати плаќање со биткоин за резервирање на хотел

Една од најголемите онлајн агенции за патување „Експедиа“, го прифаќа Биткоинот трансакциите како форма на плаќање, пишува Би-Би-Си.

Фирмата иницијално ја прифаќа виртуелната валута единствено за резервации за хотел, и во моментов е ограничено единствено на американскиот сајт на компанијата.

Но, оние кои го следат развојот на биткоин-от велат дека ова е голем чекор за валутата.

Најавата на „Експедиа“ доаѓа после турбулентни неколку месеци за оваа виртуелна валута, кој беше соочена со сомнежи за нејзината безбедност изминативе месеци.

Одреден број на помали онлајн агенции за патување веќе ја прифаќаат виртуелната валута, но „Експедиа“ е првата компанија поголема компанија која го прави овој чекор.

Емили Спејвен, уредник на вестите за „Биткоин“ на сајтот „Коиндеск“, за „Би-Би-Си“ изјави дека ваквиот чекор се „брилијантни вести“ и „ја донесува дигиталната валута понатаму во свеста на маинстримот“.

Михаил Гулдман, поптпретседател на Експедиа, во изјава за медиумите рекол дека компанијата е во „уникатна положба“ да „донесе нови решенија во планирањето и резервирањето за клиентите и партнерите со прифаќање на најновите техннологии и начини на плаќање“.

„Експедиа“ ќе го користи „Биткоинот“ за процесирање на трансакции, но Гулдман за „Вол Стрит Журнал“ изјавил дека фирмата нема да ја здржува валутата туку ќе ја конвертира во долари на секои 24 часа.

Г-ѓа Спејвен истакнува дека „тоа гоправат најгоолемиот дел од големите компании, затоашто цената на Битцоинот сеуште масивно варира“

Биткоин-от, кој е светска крипто-валута, беше предмет на повеќе контроверзи во последните месеци.

Колапсот на Јапонските трансакции на оваа валута, проследени со бројни безбедносни повреди, ја наруши репутацијата на валутата и предизивка серија на контроверзии поврзани со даночењето на трансакциите на оваа валута .

Клиентите на американскиот сајт на „Експедиа“ ја имаат опцијата за плаќање во „Биткоин“.

Но дигиталната валута направи чекор во приближувањето на меинстримот оваа недела, откако Yahoo и Google ја додода опцијата за конвертирање во своите финансиски алатки.

Повеќе од 60.000 онлајн трговци сега го прифаќаат биткоинот ширум светот.

Како работи Биткоинот

Најдобар опис за биткоинот е доколку за него реферираме како за виртуелни единици или „токени“, отколку споредување со физички монети или хартија.

Сепак, како и сите валути неговата вредност е детерминирана од побарувачката, односно колкав број на луѓе сакаат да ја разменат како валута.

За да се процесираат Биткоин трансакциите, потребно е да се случи порцедура наречена „минирање“, која што предвидува решавање на математички проблем.

За секој решен проблем, еден блок од биткоини се процесира. Дополнително „минирачот“ е награден со нови биткоини.

Во моментов постојат околу 11 милиони биткоини.