Eкспедицијата на Работнички утрово допатува од Турција

Раководството повторно одлучи билетите да чинат 200 денари

По историскиот успех и пласманот во последното квалификациско коло преку кое се обезбедува пласман во групната фаза од Лигата на Европа, експедицијата на Работнички утрово допатува од Турција.

“Романтичарите” успеаа да го совладаат големиот и богат Трабзон, иако турскиот тим успеа да ја анулира негативата од Скопје, а речиси 60 минути (вклучувајќи ги и продолженијата) имаше играч повеќе. Сепак, со храбра и пожртвувана игра на секоја педа од теренот, Работнички успеа да го направи она што ретко кој го очекуваше пред две седмици – да дојде на коло од групната фаза во ЛЕ.

Фудбалерите на Работнички беа пречекани на аеродром од претседателот Поповски
Фудбалерите на Работнички беа пречекани на аеродром од претседателот Поповски

На скопскиот аеродром тие беа пречекани од членови на управата на клубот на чело со претседателот Поповски, како и од петмина најверни фанови кои сакаа меѓу првите да им честитаат на своите миленици за големиот успех.

Сепак, нема да има многу време за радост, бидејќи уште денес во Нион ќе го добијат следниот противник против кој ќе се обидат да ја заокружат оваа фудбалска бајка – пласман во групите од ЛЕ.