Експеримент во Финска: Невработените ќе добиваат по 560 евра месечно

финска

Оли Кангас од агенцијата на финската влада КЕЛА, која е надлежна за социјалните прашања во земјата изјави дека од 1. јануари почнува пробниот период од траење на 2 години во кој учествуваат 2000 случајно одбрани граѓани кои ќе земаат надокнада за невработеност.

Тие ќе добиваат по 560 евра месечно, а нема да мораат да поднесат извештај за тоа како ги потрошиле парите пренесува АП.

Тој износ ќе се одбие од сите други примања кои ги остваруваата, а се на товар на државата.

Во Финска, просечна заработка во приватниот сектор е 3.500 евра месечно, велат официјалните факти.

Инаку стапката на невработеност во Финска, земја со 5.5 милиони граѓани, од минатата година стои на 8.1% што значи дека 213.000 луѓе се без работа.