Експерименталниот лек за ебола делува на мајмуни, излечени 18

Експериментален лек за ебола ги излечи сите 18 мајмуни заразени со смртоносниот вирус за време на испитувањето на новиот лек, што ја зголемува надежта дека „ЗМапп“ би можел да помогне во борбата против епидемијата која беснее во земјите од Западна Африка.

Мајмуните го добиле лекот „ЗМапп“ три до пет дена откако биле заразени со висурот и кога повеќето од нив веќе покажувале симптоми на болеста, а лекот, исто така, во целост ги заштитил од болест другите шест мајмуни, на кои им е даден во нешто поинаква верзија три дена од инфекцијата за време на пилот-тестот.

Не се знае како лекот ќе влијае на луѓето, а може да си зема и до 21 ден од кога ќе се појават симптомите на болеста, иако заболените не биле заразени на начин на кој што биле заразени мајмуните за време на испитувањето во лабораторија.

Неколку експерти наведуваат дека не е можно да се процени опсегот на можности на лекување на луѓето, но охрабрувачки е што животните се опоравиле откако биле лекувани со „ЗМапп“ и тоа откако напредувала болеста.

Лекот „ЗМапп“ никогаш не беше тестиран на луѓе пред да се заразат двајца американски хуманитарни работници со ебола додека биле во Африка и им било дозволено да го применат лекот иако во фаза на експеримент, а ограничени количества од истиот лек дадени се на уште петмина други пациенти