Експерт од САД тврди: Путин стои зад исчезнувањето на малезискиот и уривањето на авионот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин е „мозокот“ на операцијата за исчезнувањето на патничкиот авион MH370. Ова е шокантното тврдење на експерт за авијација, пишува „Дејли Експрес“.

Авионот на Малезија Ерлајнс никогаш не беше пронајден и покрај екстензивните потраги на отворено море и потрагите во различни области на океанот.

Џеф Вајс, експерт во САД за наука и за технологија, тврди дека Путин стои зад мистериозното исчезнување на леталото и исто така дека тој стои зад соборувањето на малезискиот авион MH17 во јули во 2014-тата во Украина.

Соборување на малезискиот авион над Украина
Соборување на малезискиот авион над Украина

Вајз следејќи ги известувањата од истражувачката организација Белингкет од Британија, која ги проучувала извештаите на социјалните мрежи и на интернет и заклучила дека руската бругада или ја обезбедила или пак оперирала со ракетниот фрлач Бук М1 за да го собори авионот во кој загинаа сите 283 патници и 15 членови на екипажот.

Извештајот заклучува дека оваа операција би можела да биде санкционирана само од страна на највисоките воени власти во Русија.

Одговорноста за соборувањето на MH17 со оружје што е обезбедено и можеби управувано од руската војска е кај Министерството за одбрана и Врховниот командант на руските вооружени сили, Владимир Путин, се вели во извештајот.

Иако Вајз…