Експерт од САД тврди: Путин стои зад исчезнувањето на малезискиот и уривањето на авионот во Украина

Иако Вајз вели дека сеуште не се познати мотивите на Путин, тој врз основа на споменатиот извештај заклучува:

Путин очигледно почуствувал дека има причина за тоа.

Минатата година Вајс претпостави дека авионот MH370 што исчезна на летот од Куала Лумпур до Пекинг бил киднапиран по наредба на Путин и тајно бил приземјен во Казахстан.

Сеуште нема ниту трага од изчезнатиот малезиски авион
Сеуште нема ниту трага од изчезнатиот малезиски авион

Тој неговата теорија ја заснова на тоа што авионот испраќал сигнал и седум часа по исчезнувањето од радарот. Според него, киднаперите го пренасочиле авионот кон Казахстан.

Во овој миг сметам дека откритието за оваа приказна за MH370 треба да биде јасна. Во период од 4 месеци, два малезиски авиони од типот 777 биле соборени од небо под сомнителни околности. Врз основа на анализата на системот на MH370 дека ако било извршено киднапирање на авионот, тогаш тоа е изведено со екстремно висок степен на софистицираност.

Џеф Вајс вели дека Путин стои и зад соборувањето на малезискиот авион над Украина.

Толку многу, што всушност нападот не само што бил спонзориран од државата, туку државата обезбедила и современа технологија и сетелистка комуникација. Ако тоа е така, ако претпоставиме дека MH370 бил киднапиран од некоја друга земја, а не од Русија, тогаш тоа би значело дека два авиони на Малезија Ерлајнс од типот 777 (од кои постојат само 15 на светско ниво) биле цел на заговор на две различни држави во рок од  4 месеци.