среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 34

Експерти: Анкетата на ИРИ јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите

iri.jpg-500

Поврзани вести

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, покажаа најновите резултати на анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Во анкетата на ИРИ, владејачката партија има двојно поглема доверба кај граѓаните отколку СДСМ.

„Курир“ повикувајќи се на изјавите од аналитичарите, пишува дека тоа се должи пред се на програмата што ја исполнува, новите идеи и проекти во интерес на граѓани. Од друга страна, лидерот на СДСМ кој во претходната анкета на ИРИ имаше доверба од 7%, сега неговиот рејтинг е намален и изнесува само 5%.

Последното истражување на јавното мислење спроведено од Меѓународниот републикански институт е јасен показател кој ќе биде победник на изборите во април, сметаат експертите. Според Проф. д-р Тања Каракамишева- Јовановска, рејтингот на секоја политичка партија без исклучок зависи од (не)квалитетот на понудата до граѓаните, како и од избраниот начин како партијата сака да стигне до власта. Таа нагласува дека погрешната проценка, погрешните партиски одлуки и погрешната стратегија на политичко делување знаат сериозно да го намалат рејтингот не само на партијата, раководството, туку несомнено и на партискиот лидер.

Тоа му се случува на СДСМ во континуитет последниве девет години, а посебно последнава година. СДСМ никако да ја научи основната лекција во политиката дека политичкото делување секогаш треба да биде на линијата на потребите на граѓаните. Ако една партија не може да ја најде линијата на контакт со граѓаните, таа постојано ќе живее во паралелен, одделен свет од граѓанскиот без конкретни допирни точки. Тоа ќе ја зголемува партиската фрустрација, како во случајот со СДСМ, ќе се зголемуваат грешките во чекори, ќе се множат погрешните постапки, и на крај од така намножените фрустрации партијата ќе го достигне врвот-ќе почне перверзно да се додворува не на граѓаните, туку на оние партии што можат да бидат искористени за сопствените потреби и цели. Практично во тој момент ги заборавате сите граѓани и почнувате да халуцинирате дека го имате клучот на премиерската канцеларија, дека само што не сте седнале во премиерската фотелја. Тоа е последниот стадиум од политичка немоќ, во кој почнувате да се убедувате во веродостојноста на сопствените илузии и ги убедувате останатите дека само што не се случило посакуваното, иако резултатите на терен се сосема поинакви, смета Каракамишева-Јовановска.

Според неа, проблемот со СДСМ е токму во тоа што оваа партија се наоѓа во последната забегана фаза од која, како што нагласува, за жал враќање нема.

-Нема соочување со реалноста, бидејќи зависноста од замислената победа е преголема за да може да се врати во нормала, партиските апетити се поставени далеку над реалното така што од оваа партија сега можеме да очекуваме само радикални чекори, само партиски понуди што ниту еден нормален македонец не може да ги оправда. Федерализацијата и официјализирањето на албанскиот јазик се додворувачки понуди и отворен ишарет до албанците што дополнително ќе ја ослабнат и онака слабата позиција на СДСМ. Албанските партии пак од друга страна се далеку пореални и знаат да проценат што е политичка магла, а што реален партнерски однос во политиката, вели универзитетската професорка.

Анкетата точно одговара на прашањето кој ќе биде победник на априлските избори, останува само прашањето колкава ќе биде разликата, вели Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје.

Повторно не е прашањето кој ќе победи, туку колкава ќе биде разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, затоа што практичнo е невозможно на онаа сериозна разлика која што е помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминативе 7-8 години, нешто да се смени во три до четири месеци, вели Божиновски.

Божиновски коментирајќи ги бројките од истражувањето вели дека тие не се изненадување бидејќи ВМРО ДПМНЕ во изминатите седум осум години има стабилна поддршка од граѓаните и очекува истата таа бројка да се рефлектира на изборите, додека причината зошто СДСМ и покрај големтие активности годинава неуспеа да го поправи својот рејтинг ги напаоѓа во погрешната стратегија. Според Божиновски, СДСМ требаше да се одлучи за позитивна кампања нудејќи им на граѓаните платформа и решенија, а не негативна кампања против власта.

ВМРО-ДПМНЕ веќе 7 или осум години има една многу стабилна подршка од избирачкото тело, кое што се виде и на една серија на избори, парламентарни, локални и претседателски. Бројката на овие подржувачи секогаш беше околу 450 илјади, значи 470, 480, 430 и така натаму. Што значи дека имаат една силна подршка, која што се очекува таа маса на гласачи да ја привлечат и на следните избори. Од друга страна, значи основна цел која што требаше да биде на СДСМ е да привлекува нови гласачи и со тоа да се обиде да и парира на владејачката партија. Нови гласачи се привлекуваат преку еден позитивен приод, преку позитивен маркетинг, додава Божиновски.

Според истражувањето на ИРИ спроведен во октомври ВМРО ДПМНЕ има двојно поголема предност во однос на Социјалдемократскиот сојуз односно испитаниците прашани за кого би гласале на следните избори 24 отсто одговорил дека својот глас би го дале за владејачката партија, додека само 12 отсто СДСМ.

Истражувањето ја потврдува и поголемата доверба што ја ужива Груевски наспроти Заев, 18 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во Груевски, додека лидерот на СДСМ има рејтинг од само пет отсто или речиси четирипати помалку. Речиси трипати поголема е бројката на граѓани кои сметаат дека ВМРО ДПМНЕ е поактивна партија и понапорно работи за да ја добие поддршката од граѓаните односно 27 отсто од испитаниците го делат ова мислење додека 10 отсто имаат вакво мислење за  СДСМ.

Најчитани вести