Експерти: Доколку ова се остатоци од малезискиот авион, некој сигурно намено го сруши

Австралискиот експерт за безбедност, Нил Фергусон, рекол дека, доколку се покаже дека двата објекта снимени на сателит се навистина делови од малезискиотн авион по кого се трага веќе 12 дена, тоа укажува дека не е возможно дека авионот паднал поради технички проблеми.

Фергусон рекол дека техничките проблеми на авионот значи дека тој не можел да лета до местото на кое што наводно се откриени остатоци од исчезнатиот авион.

Експертот за безбедност, кој работел на обезбедување на Олимпијадата во 2000-тата година, рекол дека новиот новиот развој во истрагата може да дојде до точката „без интервенција на луѓе“, без разлика дали станува збор за пилот или некој од патниците.

„Доколку ова е навистина дел од исчезнатиот малезиски авион, може во целост да ги исклучиме техничките проблеми како причина за неговиот пад во океанот“, наведува Фергусон.

Не постои начин авион кој што е оштетен или има некакви проблеми да помине толку големо растојание, во однос на својата првобитна маршрута.