Експерти и ДЗС ќе ги утврдуваат причините за поплавите во тетовско

Експерти и ДЗС ќе ги утврдуваат причините за поплавите во тетовско
Експерти и ДЗС ќе ги утврдуваат причините за поплавите во тетовско

Седум експерти во соработка со ДЗС во следните 12 дена ќе ги утврдуваат причините за поплавите што го зафатија Тетово и тетовскиот регион.

На денешната прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС Шабан Салиу информира дека согласно заклучокот на Владата од 4 август годинава, одлучено е да се активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој овозможува координација на целата помош што доаѓа од ЕУ во случај на природни непогоди и други несреќи.

Преку Механизмот за цивилна заштита побаравме да се активира системот Коперникус и добивме сателитски снимки за конкретната состоја во Тетово. Ќе се направи добро инфраструктурно уредување на целата територија која беше зафатена од поплавите и свлечиштата. Ќе се обидеме да им дадеме одредени насоки и препораки на Владата и на локалната самопупрва како да го уреди тој простор за во иднина да не се случуваат такви проблеми, рече Салиу.

tetovoТој информира дека оштетени се околу 390 куќи, а се отстрануваат наноси од 1 милион и 500 илјади кубици. На терен од Дирекцијата за заштита и спасување во моментов се наоѓаат 39 багери, неколку булдожери и 40 камиони. Според Салиу, за неколку дена теренот ќе биде целосно уреден.

Експертскиот тим се состои од Рудолф Де Кром од Холандија, тим-лидер и експерт за поплави, Тина Петернел од Словенија и Патрик Гиндре од Франција, експерти за проценка на штети на инфраструктура, Маркус Мекснер од Германија и Тамаш Мадер од Унгарија, експерти за рано опоравување на системи за водовод и канализација, Јоаким Швејгл од Австрија, градежен инженер-експерт за урбано планирање и спроведување мерки за заштита и спасување на локално ниво и Алфонсо Басанта од Шпанија.

Рудолф Де Кром информира дека Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ќе ги покани земјите-членки да обезбедат експертиза.

Тој вклучува експерти од полето на вода за пиење, канализација, геологија, кои ќе извршат проценка на теренот, што е причината за овие одрони и поплави и да се подготви извештај со одредени препораки за превенција. УНДП и други организации исто така прават проценки на состојбата, но ние повеќе ќе се фокусираме на давање препораки за во иднина, рече Де Кром.

 

 

Пет лица загинаа во поплавите кои на почетокот на месец август го зафатија тетовско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.