Експерти: Извештајот на ЕК ништо ново, само наместо со името сега сме условени со избори

Македонија ја доби осмата препорака за старт на преговорите за членство во Европската Унија. Експертите велат извештајот и годинава не донесе ништо ново, освен фактот што за разлика од претходните години сега условот е нов. Наместо решавање на прашањето за името на Република Македонија, Брисел ја условува нашата држава со одржувањето на избори на 11-ти декември кои би биле фер и кредибилни.

„Најновиот извештај на Европската комисија за почеток на преговорите со Европската унија, не претставува ништо ново во поглед на промената на курсот на Унијата во поглед на Република Македонија. По осми пат, добиваме т.н. „условна препорака“ која овој пат наместо аргументот за решавање на спорот со уставното име на нашата држава, е условена со спроведувањето на кредибилни и фер предвремени парламентарни избори“, вели доцент д-р Иванка Додовска за Нетпрес.

Покај ова, истакнува таа, извештајот нотира целосна примена на договорот од Пржино, спроведување на демократските избори и секако продлабочување на рефромските процеси во земјава.Според Додовска, забележително е што Хан во својот говор призна дека за состојбите во земјава одредена доза на вина има ненавременото реагирање на Брисел.

„Во оваа смисла интересно е да се забележи дека и при презентирањето на извештајот, од страна на ivanka-dodovskaеврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од неговиот коментар можеме да извлечеме една особена значајна компонента која говори во поглед на причините за стагнирањето на евроинтеграциите на Република Македонија. Имено, тој со дипломатски речник призна дека голем дел од причините поради кои земјата западна во криза е и неефикасното и ненавременото реагирање од страна на Брисел, што дополнително имаше влијание и врз внатрешните негативни процеси во Република Македонија. При тоа, тој исто така потенцираше дека по изборите во декември, очекува Македонија да се врати кон нормализација на внатрешниот општествено-политички поредок и да ги доврши реформите кои ќе и го отворат патот на земјата кон долго очекуваниот датум за почеток на преговорите за прием во Унијата“, вели Додовска за Нетпрес.

Покрај препораките за реформи во однос судството, јавната администрација и борбата со корупцијата, Европската Комисија во извештајот изнесува особено позитивна оценка за земјава во однос на ангажманот во справувањето со мигрантската и бегалската криза.

Комесарот за проширување на ЕУ и соседска политика, Јоханес Хан на вчерашната презентација на извештаите истакна дека изборите во декември се можност да се надмине политичката криза и граѓаните тоа го очекуваат.

han2

„Договорот од Пржино, посебно изборите во декември се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Кредибилни избори и независна работа на Специјалниот обвинител, како и Итните реформски приоритети се важни. Врз база на преземените позитивни чекори од страна на политичките лидери во земјата, ние сме подготвени да ја одржиме долготрајната препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ, со услов за кредибилни избори и целосна имплементаицја на Итните реформски приоритети“, рече комесарот Хан.

Тој исто така нагласи дека новата влада формрана по изборите ќе решава дали Специјалното јавно обвинителство ќе добие продолжен мандат, но сепак, вели Хан, во овој момент приоритет се одржување на фер и демократски избори и спорведување на итните реформски приоритет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.