Експерти: Малезискиот „Боинг“ е урнат намерно

Водечкиот светски експерт за истрага на авионски несреќи Лери Венс изјави денеска дека е убеден оти малезискиот авион, што во 2014 година исчезна на летот Куала Лумпур-Пекинг, бил намерно урнат во морето.

Според него, ерозијата долж рабовите на досега пронајдените делови од крилјата, укажува на тоа дека авионот контролирано паднал во море.

– Ерозијата на водата со висок притисок на крилјата можела да се создаде само ако е авионот бил насочен кон морето. Единствено силата на водата може да направи такви оштетувања на крилјата. Крилјата на се скршени. Кога би биле, тоа би било чист пад, објасни авиоекспертот.

Венс, кој до сега водел над 200 истраги за авионски несреќи, нагласи дека и тоа што досега не е пронајден трупот на авионот, е еден од факторите кои сугерираат дека тој паднал во „контролирани околности“.

– Некој управувал со авионот се до крајот на летот. Некој управувал со авионот и го урнал во водата. Нема други теории кои може да се следат, нагласи Венс.

И покрај темелната потрага во Индискиот Океан, ниту еден дел од авионот не беше пронајден, се до откривањето на дел од крилоѕо на островот Реунион близу Мадагаскар минатата година.

Авионот „Боинг 777“ со 239 патници и членови на екипажот на летот од Пекинг до Куала Лампур исчезна на 8 март 2014 година, а претставниците на истражниот тим велат дека водат истрага за тоа дали пилотот намерно го урнал авионот во последен момент.