Балкан

Експерти: Меѓу мигрантите има и припадници на ИД

Експерти: Меѓу мигрантите има и припадници на ИД
Хаос на Кос- емигранти се тепаат да влезат на брод

Балканската експертска јавност е согласна: Меѓу мигрантите има и припадници на ИД – Исламска држава.

Постои реална опасност помеѓу мигрантите, коишто на пат до побогатите и поуредени земји членки на ЕУ поминуваат низ Балканот, да има и припадници на Исламска држава и други терористички организации, ова е оцената на претставници на надлежните служби и експерти за безбедност на Балканот, пишува српски „Курир“.

Експерти од БиХ:  Меѓу мигрантите има и припадници на ИД

Весникот ја пренесува изјавата на директорот на Службата за работа со странци на БиХ, Изет Низам, кој ја изнесува претпоставката, која што фигурира од самиот почеток на кризата, дека дел од терористите на ИД ќе ги искористат бегалците за непречено да ги уфрлат своите луѓе на териториите што се нивна цел. Низам за „Независне новине“ предупредува дека во иднина можни се напади врз објекти од витално значење, културни манифестации, простори на кои има голем број на луѓе, односно места на кои што може да се причини голема штета и да се предизвика паника.

Експерти од БиХ:  Меѓу мигрантите има и припадници на ИД
Експерти од БиХ: Меѓу мигрантите има и припадници на ИД

Она што ни е приоритет е да ги издвоме тие луѓе од масата, да ги процесуираме и да го добијат она што го заслужиле. Би апелирал до медиумите да го обрнат вниманието на граѓаните дека се прави се што е возможно за нивната безбедност да биде на максимално ниво. Секоја информација што ќе ја добиеме ќе биде објавена во јавноста, затоа што ние сме овде поради граѓаните на БиХ, реше Низам.

Никој од експертите и надлежните структури што „Дневник“ од Бања лука ги контактирал не сакал да лицитира со бројот на лажни мигранти, но сите се согласни дека има доволно за да се предизвикаат штети. Војниот аналитичар Мирослав Лазански нагласува дека миграциската криза е реална закана за ЕУ, но и за БиХ и Србија и дека неможе со сигурност да се знае кој е меѓу десетиците илјади луѓе што поминуваат.

Експертот за безбедносни прашања Предраг Ѓераниќ истакнува дека дополнителна закана за БиХ, претставуваат нејзините државјани кои учествуваат во странските војни, затоа што може во голема мера да ја олеснат координацијата на патувањата и терористичките акции, со напомена дека БиХ не е подготвена да се носи со такви безбедносни предизвици.

Неделковски: Сомнително е што 90 отсто од мигрантите се мажи

Неделковски: Сомнително е што 90 отсто од мигрантите се мажи
Неделковски: Сомнително е што 90 отсто од мигрантите се мажи

Српски „Курир“ го пренесува и ставот на македонскиот новинар и политички аналитичар Миленко Неделковски кој за руската новинска агенција „Спутник“ нагласува дека е мошне сомнителен фактот што 90 отсто од имигрантите се мажи, а притоа се знае дека се работи за луѓе од традиционални земји каде членовите на семејствата во никој случај не се напуштаат.

Овој факт буди сомнеж дека меѓу нив се кријат и припадници на „Исламска држава“, изјави Неделковски.