Експерти: На ВМРО ДПМНЕ му требаат 63 пратеници за крај на мрачното сценарио на СДСМ

Силно мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Собранието односно 63 пратеници ќе биде одговор на мрачното сценарио на СДСМ кое е спротивно на интересите на мнозинството граѓани, велат политичките аналитичари karakamisevamrtivanaкоментирајќи го повикот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за голема поддршка на партијата на претстојните парламентарни избори со цел да се освојат 63 пратенички места во новиот собраниски состав.

Професорката на Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска вели ВМРО ДПМНЕ по 10 години власт при коишто покажа на дело како се прават проекти и како се работи на терен има право да бара ваква поддршка

„Кога работиш, имаш право и да бараш. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години покажа и докажа на дело како се прават проекти и како се работи на терен за да се реализираат зацртаните цели во интерес создавање посилна и економски попросперитетна Република Македонија. Оваа партија им одржа лекција не само на македонските партии, туку и на многу други во регионот и во Европа по однос на тоа како политички и економски се работи кога треба да се гради и штити сопствената таковина, и интересите на своите граѓани. Како политички и економски се делува со цел државата и нејзините граѓани да бидат секогаш на прво место. Од друга страна, го видовме делувањето на опозицијата. Видовме напади од различен вид и формат.Во најголем број од случаите нападите беа насочени не само против ВМРО-ДПМНЕ, туку и против целовитоста и унитарноста на Република Македонија како држава. Видовме напади од различен мотив. Некои од нив наликуваа на водење класична психолошка војна во земјата со цел психолошко слабеење на националниот дух на македонското ткиво и слабеење на виталните институции на државата заради нивно комплетно уништување“, вели професорката Каракамишева Јовановска.

Според неа, апсолутното мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Собранието ќе биде институционална брана против сите ирационални идеи и интереси на опозицијата.

„Со оглед дека сценариото на опозицијата е поприлично мрачно и спротивно на интересите на мнозинството граѓани, нормално и логично е да се очекува одговор на ВМРО-ДПМНЕ на таквото сценарио. Одговорот е во добивање силно мнозинство во Собранието, одговорот е во добивање 63 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со цел создавање на вистинска институционална брана  против сите оние ирационални идеи и интереси на опозицијата кои имаат една логична позадина. Опозицијата сака да внесе вистинска „поплава“ во политичкиот и економскиот систем во земјата.Сака да бидат демонтирани основните полуги на државата за да можат да заживеат антимакедонските интереси на кои тие им кумуваат и ги пропагираат. Опозицијата сака да изгради поинаква држава од таа што сега ја имаме. Опозицијата оди на сценариото се или ништо. Токму ова сценарио една одговорна и политички зрела партија како што е ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи“, смета професорката и додава дека спроведување на такви сценарио на опозицијата пред се’ нема да и’ дозволат и граѓаните и токму поради тоа изборите закажани за 11-ти декемви ќе бидат од историско значење пред се’ за зачувување на независна и самостојна Република Македонија.

Имајќи ги предвид и резултите од истражувањата на јавното мислење и рејтингот на најголемите партии, според познавачите, победата на ВМРО ДПМНЕ на претстојните избори ќе биде убедлива, а бројот од 63 пратеници не се чини како недостижна цел.

Владимир Божиновски од Институот за политички истражувања – Скопје вели нема голема разлика во односот на силите сега и во 2014 година, па оттаму смта дека барањето на Груевски за 63 пратеници во Собранието се чини пореално, отколку најавите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за победа на претстојните избори.

Резултатите од последната анкета спроведена од Институтот „Димитрија Чуповски“ покажуваат на стабилна и убедлива предност за владејачката партија односно 27,6 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО ДПМНЕ, додека 16,1 својот глас би го дале за СДСМ.

anketa-1-1

 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во говорот на големиот собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“ истакна дека на 11-ти декември не е протребна само победа, туку победа за 63 пратеници на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

„63 пратеници кои ќе значат силна порака до сите оние кои мислат дека можат да го заобиколат народот. 63 пратеници кои ќе значат силна порака до оние кои со години го делат и навредуваат народот. 63 пратеници кои ќе значат крај на црните и мрачни сценарија на заевци и верушевци.Ги гледате како се спремни на се само да се догребат до пратеник повеќе. Спремни се и целосна двојазичност да воведат само да освојат пратеник повеќе. Спремни се и кичма да виткаат и интереси државни да распродаваат. Е затоа е потребно да ги победиме со 63 пратеници. Затоа е важно да не им се остави ниту малку простор, ниту малку надеж во нивниот забеган филм дека можат нешто да се пазарат, да се ценкаат, да лицитираат, да разградуваат и наддаваат. Со победата од 63 пратеници ќе им покажеме дека нема во Македонија ценкање и пазарење со иднината на нашата држава. Дека Македонија не е за пазарење“, истакна Груевски во својот говор додавајќи и дека мнозинството во Парламентот ќе значи и полесно реализирање на проектите за пензионерите, земјоделците, здравствените работници и административците.

gruevski-govor-scbt-640x351

Инаку, ВМРО ДПМНЕ во собранискиот состав којшто денеска се распушти имаше 61 пратеник според резултатите од изборите во 2014 година. Шеесет и три пратенички места партијата предводена од Груевски освои на изборите во 2008 година по убедлива победа со разлика од речиси 250 илјади гласови повеќе од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои тогаш добија 27 пратенички места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.