Македонија

Експерти од јапонската агенција за меѓународна соработка на прием на Бакрачески

Експерти од јапонската агенција за меѓународна соработка на прием на Бакрачески

Во април или мај годинава јапонски експерти ќе започнат со изработката на физибилити студија за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езерото од македонска страна. Проектот ќе се реализира со неповратни средства од Јапонската агенција за меѓународна соработка,  беше   истакнато на денешната работна средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и јапонските експерти кои денес беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната Самоуправа го поздравува проектот кој битно ќе допринесува за заштита на живиот свет во езерото но и за нормално функционирање на колекторскиот систем во градот и приградските средини. Притоа беше истакнато дека локалната ќе ги обезбеди сите потребни документи и ќе стори се што е во нејзина надлежност за побрза реализација на проектот.

Директорот на “Проаква“, Томе Паскалиев кој  ќе биде координатор на проектот од македонска страна истакна дека за Охрид и охриѓани особено е значајно да се реконструира делот од колекторот кој се однесува на секундарната односно канализационата градска мрежа.

Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското езеро се резултат на потпишувањето на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Владите  на Македонија и Јапонија.