сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Експерти од Регионот за „Дневник“: Теренска проверка не постои и не значи ништо

Теренската проверка на гласачите не е системско решение за ажурирање на избирачкиот список и може да се применува само за одредени случаи, но не и за целиот избирачки список, сметаат експерти од регионов што ги следат изборните процеси во своите земји. Ажурирањето на избирачкиот список, според нив, е должност на институциите и треба да се прави на дневна основа, пишува Дневник.

izbori-makedonija-640x446

Поврзани вести

Теренската проверка на гласачите не е системско решение за ажурирање на избирачкиот список и може да се применува само за одредени случаи, но не и за целиот избирачки список, сметаат експерти од регионов што ги следат изборните процеси во своите земји. Ажурирањето на избирачкиот список, според нив, е должност на институциите и треба да се прави на дневна основа, пишува Дневник.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија инсистира само на теренска проверка на гласачите, без други комбинирани методи и не отстапува од таквото барање. Според планот на партијата, лицата што нема да бидaт на домашната адреса во моментот на проверката и не се јават сами во одредената канцеларија на ДИK ќе бидат тргнати од Избирачкиот список со активни гласачи и ќе бидат ставени на друг.

Kомуникација на институциите

Теренска проверка, едноставно, не може да се направи.

Во Србија таа не постои и ништо не значи. Сè се работи по документи, кои официјално се доставуваат, почнувајќи од промена на државјанства, уверенија за смрт на некое лице, полнолетство и слично – вели Ѓорѓе Вуковиќ за Дневник, програмски директор во српскиот Центар за слободни избори и демократија (ЦЕСИД), организација што одблиску следи повеќе изборни циклуси во Србија.

Експерти од Регионот за „Дневник“: Теренска проверка не постои и не значи ништо

Експерти од Регионот за „Дневник“: Теренска проверка не постои и не значи ништо

Во разговор за „Дневник“ тој објаснува дека ажурирањето на избирачкиот список е секојдневна обврска на луѓе од администрацијата, кои треба да си го работат својот дел во однос на одредени податоци за граѓаните. И тука, според Вуковиќ, најважна е добрата меѓусебна комуникација на институциите. Некогаш може да се случува „прескокнување“ на податоците, па затоа, додава тој, колку е полоша администрацијата, толку ќе биде полош и избирачкиот список.

Според мене, тоа одење од куќа на куќа не значи ништо. Ако во некое село некој жител умрел како ќе го проверите тоа ако нема уверение за смртта. И пак се враќаме на институциите, објаснува Вуковиќ.

Ажурирање на дневна основа

Слична е практиката и во Хрватска. Ажурирањето на избирачкиот список се прави на дневна основа (како впрочем и во Македонија, за што веќе пишуваваме), а пописот на избирачите се темели на регистарот на државјани, на податоците за полнолетни граѓани и особено на податоците за престојувалиште, објаснува Драган Зелиќ, директор на ГОНГ, организација што ги следи изборите и целиот изборен процес во Хрватска.

Теренска проверка на сите од куќа до куќа е долготраен процес. Ажурирањето може многу полесно да се реши. Теренската проверка може да се применува дополнително за некои случаи, но не ја решава системски евиденцијата на избирачкиот список. За таква проверка треба многу време и пак не сте сигурни во податоците. Што ако сум отишол во странство, на пример, ќе ме избришат од списокот? Ако сум во болница или ако студирам или работам во друг град, значи дека не треба да ме има на списокот?, прашува Зелиќ.

Во Хрватска, според него, нема вонредна проверка на списокот пред избори и за ажурирање и проверка се користи единствена база на податоци, односно регистарот на гласачи, кој е поврзан со други бази на податоци во земјата. Во секој момент секој може да види дали е на списокот, а партиите можат да го добијат избирачкиот список во електронска форма.

Со измените во законот, вели Зелиќ, битен податок на кој се темели списокот е документот за престој.

А теренска проверка се прави ако во податоците за тоа по колку избирачи има на одредена адреса има нелогичности. Тоа, вели Зелиќ, полицијата го прави по службена должност или по нечија пријава. Само со теренска проверка, според него, ништо не се постигнува.

Најчитани вести