Експерти: Пораките на Заев до Тачи се најсериозен удар за неговиот кредибилитет

Експертите децидни, ова е голем срам за СДСМ и Зоран Заев. Обелоденувањето на пораките од Заев кои ги објави Мендух Тачи на прес конференција предизвика политичка ерупција помеѓу пошироката јавност, аналира порталот „Курир“.

Аналитичарите коментираат дека најскандалозен е самиот однос на лидер на една политичка партија кој преку понизни и додворувачки пораки сака да воспостави релација со друга помала политичка партија, а се’ поради остварување на некаков партиски бенефит. Тоа говори и за начинот на однесување и менталниот склоп на Заев кој вака ако се однесува за да оствари ситен политички бенефит, како ли ќе се однесува доколку дојде во можност да одлучува за клучни државни прашања, како што е прашањето за името, области каде се задира во националните и државни интереси. Ваквите СМС пораки владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги окарактризира како виткање на кичмата.

СДСМ не ги демантираше пораките кои Заев му ги праќал на Тачи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по ниту еден основ не демантираше дека пораките кои вчера ги обелодени лидерот на ДПА, Мендух Тачи не се вистина. Според експертите, овој скандал претставува досега најсериозен удар за кредибилитетот на Заев, кој според нив, одработува мрачни сценарија на други мрa;ни играчи од СДСМ.

Отккао Мендух Тачи вчера презентираше дел од телефонските пораки од Заев, испратени во периодот од локалните па се до одлуката за предвремени парламентарни избори, во кои лидерот на СДСМ понизно го моли лидерот на ДПА за соработка, од СДСМ не ја демантираа вистинитоста на овие пораки.

СДСМ преку соопштение до јавноста вчера не демантираш ништо од скандалозните пораки кои ги објави Тачи, туку само обвини дека излегла на на виделина коалицијата „Сушико“ помеѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Тачи ги сруши позициите на СДСМ за темата слобода во државата

Изјавата на Тачи и обеледенувањето на скандалот покажа дека темите како недостаток на слобода, демократија или диктатура се само за фиктивна партиска преписка и дека зад целата игра се крие борба за освојување на власта.

Експертите децидни- ова е најсериозен удар за кредибилитетот на Заев

Според аналитчарот и добар познавач на состојбите, Ивица Боцевски, овој СМС-скандал претставува досега најсериозен удар за лидерските способности и за кредибилитетот на Зоран Заев.

„Од партија како СДСМ очекуваме дека нејзиниот лидер би можеле перспективно да го видиме како премиер на Република Македонија, па затоа прикажаното ниво на комуникација во овие пораки е толку срамно ниско што сметам дека самиот Зоран Заев се дисквалификува да биде воопшто замислен како премиер или лидер на Владата. Фактот што е очигледно дека тој тука ги одработува мрачните сценарија на други матни играчи од СДСМ воопшто не го амнестира од одгорност“, вели Боцевски за „Курир“.

Тој додава дека  за  далеку најопасен дел од прикажаната комуникација е реченицата „за тоа ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија“.

„Според мене ова е дел од менталниот склоп на целата политичка елита на СДСМ, па ова е најдобар опис како тие го разбираат светот и како ја замислуваат македонската сувереност. Кои се тие фамозни „повисоки“ што го „подготвуваат“ Заев? Во една демократска и суверена држава самите политички партии ги подготвуваат лидерите на својата држава преку нивно учество во политичкиот процес и во изборниот натпревар. Само во колонии има „повисоки“ кои од некои далечни центри ја „подготвуваат“ колонијалната елита што во нивно име треба да владее со колонијата. Вака ли СДСМ си ја замислува Македонија? Како туѓа колонија чии лидери се подготвуваат од некои туѓи центри? Оваа реченица целосно ја легитимира загриженоста што многумина во Македонија ја имаат околу капацитетот на СДСМ да ги брани националните интереси и да ја води битката за одбраната на името и идентитетот. Како ќе постапи Заев и како ќе постапи СДСМ ако утре биде во позиција на власт, а „повисоките надвор од Македонија“ им укажат дека името и идентитетот треба веднаш да се променат“, вели Боцевски.

Боцевски очекува дека на овие две теми ќе се огласи и претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски за да чуеме дали и него „го подготвувале повисоките“ и што мисли за овие етнички „тројки“.

Политичари кои сметаат дека треба да бидат „подготвувани од повисоките“ не заслужуваат доверба

Боцевски смета дека ваквиот однос на Заев кон помали политички субјекти, може да значи потклекнување за прашања кои се значајни и од суштинска важност.

„Луѓето си го покажуваат вистинското лице и вистинскиот карактер на ситници, а да не зборуваме за вака значајни нешта, како што е комуникација помеѓу лидери на две значајни партии. На поединци кои се подготвени волку снисходливо да се додворуваат и кои сметаат дека треба да бидат „подготвувани од повисоките“ не заслужува да им биде доверено претседателското место во куќниот совет на секоја попристојна зграда, а камоли, пак, раководењето со држава и одбраната на националните и државните интереси. Ако кон ова ги надоврземе и серијалот афери кои го следат управувањето во општините каде што СДСМ е на власт, како и скандалите со личните финансии на поединци од раководството на СДСМ, перспективите на оваа партија не се баш најсветли на престојните избори“, вели Боцевски за порталот.

Според  проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, очигледно е дека во политиката се користат сите средства да се дојде до посакуваната цел-освојување на власта, но токму од средствата со кои политичките партии се служат да си ги остварат сопствените интереси, граѓаните можат да проценат кому и зошто му ја даваат довербата.

„Всушност, видот на користените средства и содржината која се упатува преку средствата може многу да ни покаже на какво ниво е политичката култура на партијата, но и на какво ниво е политичката култура на лидерот на партијата, што е еден од клучните индикатори за нивото на квалитетот на политиките кои (ќе) се спроведуваат од партијата. За нас граѓаните е многу важно да имаме повеќе информации од ваков вид преку кои можеме за момент да навлеземе во она што се случува на ниво на меѓулидерска комуникација, бидејќи тоа може да биде момент на пресврт во довербата што сме ја имале кон некој лидер“, смета Каракамишева Јовановска.