Експерти: Сириската Влада извела и трет хемиски напад

напад

Во извештајот, доставен доцна синоќа, во кој дел од американските новински агенции имале увид, меѓународниот тим тврди дека постојат „доволно докази“ врз основа на кои може да се заклучи дека сириските сили се одговорни за еден од нападите во Кменас, во провинцијата Идлиб, изведен на 16 март 2015 година.

Тимот експерти наведува дека направа, фрлена од голема височина, „ја погодила земјата и ослободила токсична супстанца која го загрозила населението“, додека очевидци и болнички персонал препознале дека станува збор за мирис и симптоми на хлорин.

Сепак, тимот заклучи дека нема доволно докази да се утврди одговорноста за другите два напади.

Во август, овој меѓународен тим ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за употреба на хлорин во два напада, а Исламска држава за употреба на иперит во еден напад. Тогаш тимот наведе дека уште три напади укажуваат на можна вмешаност на Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.