Експерти за „Курир“: Поради послушноста кон Заев, Јанева вовлечена во спиралата на кривичната одговорност

СДСМ сака насилно, а не преку избори да ја добие власта во Македонија. Со нелегално стекнати материјали, преку закани и под параванот на Специјалната јавна обвинителка, партијата на Зоран Заев грубо го прекршува законот, а ниту тие, ниту Јанева не сносат никаква одговорност за тоа.

Катица Јанева не ја работи својата должност, туку функционира во тесна поврзаност со СДСМ. Ова е впечатокот кој го имаат експертите за специјалната јавна обвинителка, по нејзините последни чекори, пишува „Курир“.

Порталод потсетува дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ги прекрши сите закони и договорот од Пржино непредавајќи ги материјалите кои нелегално ги поседува до СЈО. Јанева иако има овластувања да превземе нешто, таа го остави Заев да продолжува со своето самоволие на штета на државата.

Каракамишева: 2015-та е година во која државата беше киднапирана од СДСМ, а граѓаните и целиот систем беа нивни класични заложници

Универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска, во изјава за „Курир“ вели дека СДСМ се обиде со криминално стекнати разговори да ја освои власта и дека една таква криминална стратегија треба да заврши зад решетки. Според професорката, СДСМ ја киднапира државата во годинава која изминува.

Година на „бомбите“ на Заев. Така ќе остане запаметена оваа 2015 година. Криминално стекнати телефонски разговори ставени во политичката торба на СДСМ за отворање на големата врата за освојување на власта. Криминална стратегија која не може да заврши поинаку освен зад решетките во казнено-поправниот дом на сите оние што неа ја планирале, организирале и реализирале, како злосторнички здружена група. На крајот на годината, кога политичкото клопче дефинитивно се одмота, а работите станаа кристално чисти за сите, природно си дојде и описот на годината. 2015-та е година во која државата беше киднапирана од СДСМ, а граѓаните и целиот систем беа нивни класични заложници. Заложничката драма сé уште трае, иако сликата веќе е далеку почиста од онаа на почеток. Прво, Јанева и нејзиниот тим не смееја да го пуштат Верушевски од притвор заради тежината на обвинението. Куќниот притвор може да се одреди за полесни обвиненија, каде не постои опасност од влијание врз сведоци и воопшто давање психолошка предност на обвинетиот, кој е обвинет за едно од најтешките кривични дела против државата, шпионажа. Тоа секако психолошки ќе влијае и на сите обвинети во  “Фабриката за афери” каде веќе се најдени 70.000 незаконски прислушувани телефонски разговори за кои Заев тврдеше дека само тој ги поседува. Од истрагата се виде дека не е така и дека во “фабриката” делувала злосторнички здружена група за која постојат докази дека се сторители на повеќе казниви дела. Посебно е сериозна тежината на последните докази на најдените 120.000 податоци на граѓани со име и презиме и матични броеви што требале да бидат искористени за издавање фалсификувани лични карти. Фрапантна бројка со невидени правни последици доколку целата акција не беше откриена. Истрагата натаму ќе покаже во кој обем и за какви цели оваа група можела да има конкретни релации со партиското раководство на СДСМ, вели професорката за „Курир“.

Пандов: Јанева е тесно поврзана со СДСМ

Аналитичарот Александар Пандов…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.