Експерти за „Курир“: Поради послушноста кон Заев, Јанева вовлечена во спиралата на кривичната одговорност

Аналитичарот Александар Пандов во изјава за Курир вели дека е јасно оти Јанева е тесно поврзана со СДСМ, а не го сработила основното за што беше избрана. Според него, Јанева очигледно свесно “заборава“ некои работи.

Верувам дека и цела македонска јавност исто како и јас се уште се во голем шок и неверување од информацијата дека специјалната побарала ослободување на првообвинетиот во аферата пуч Зоран Верушевски. Уште по првото нејзино обраќање сихронизирано со СДСМ на сите ни беше јасно дека Катица е тесно поврзана со нив, но верувам дека на никого не му одеше умот дека се уште се споени со папочна врска. Факт е дека неделникот на Заев, Фокус, прецизно ни ги најави нејзините потези, реакциите на неколку амбасадори исто беа најава дека Јанева ќе игра по нивни ноти, но дека до толку ќе се немало срам и перде и барем малку чувство за осет према својот народ и држава и дека прв чекор што ќе го направи ќе биде ни помалку ни повеќе туку ослободување на Верушевски, ако е и од специјалната Катица Јанева, многу е. Заборави ли специјалната на сведочењето на Заев во кое зборуваше дека ќе му купувал кола на Верушевски за да можел полесно да бега во друга земја, со работна виза дадена од чадорот? Заборави ли специјалната на комунакацијата на Верушевски во која му било јасно до какви немири можат да донесат неговите прислушнувани материјали и дека поради тој лик Македонија се наоѓа цела година во сериозна политичка криза. Притоа никако не можам да го отфрлам фактот дека Катица Јанева се уште го нема основното за кое што е избрана, а тоа се нелегално стекнатите разговори. Притоа зборуваме за 600.000 разговори од 20.000 граѓани. Додека таа се жали во штабот на СДСМ, се уште немала кафекуварки, 70.000 од тие разговори се наоѓаат кај некој си Чауш, а нема да ме чуди дека досега СДСМ истите ги има тргувано и на други вакви ликови, вели Пандов.

Јанева вовлечена во спиралата на кривичната одговорност

Сега е на ред…