Експерти за мини од САД доаѓаат на помош во Босна и Херцеговина

Американски експерти доаѓаат денеска во Босна и Херцеговина за да помогнат на Центарот за отстранување мини во новонастанатата ситуација во која поплавите и свлечиштата ги поместија минските полиња.

Трочлен тим, испратен од Бирото за политичко-воени работи на американскиот Стејт Департмент, доаѓа на помош во Центарот и ќе обезбеди сигурна експертиза во специфични случаи на отстранување на мини од свлечиштата и проценките на новите теренски ситуаиции, потврдиле од американската амбасада во Сарево за агенцијата Фена, пренесуваат медиумите.

Инаку, експертите за мини од Хрватска, Србија и БиХ ќе дејствувааат заеднички на неутрализирање на неактивираните екплозивни објекти кои се поместени од минските полиња после поплавите. Тоа било договорено на состанокот на регионалниот тим за мини, составен о од експерти од три земји, кои во петокот разговарале за потенцијалните опасности настанати после поплавите во регионот.

Регионалниот експертски тим го сочинуваат претставници на Центарот за отстранување на мини на БиХ, Центарот за деминирање на Република Србија и Хрватскиот центар за деминирање.

Се стравува дека бројни мини, особено долж реката Босна, од загрозените подрачја пристигнале до Сава, а постои можност дури и да се стигнати до Дунав. Изминатите денови во БиХ веќе е забележано поместување на минските полиња надвор од обележаните терени, а на многу од полињата надојдената вода ги има изместено знаковите кои ги одбележувале границите на полињата.

Забележени се и случаи кадешто мините експлодирале во текот на поместувањето предизвикано од надојдената вода, како што се случило на подрачјето на областа Брчко, додека во Приједор, после повелкувањето на водата во дворот на семејната куќа е пронајден фрижидер полн со бомби.