Експерти: За Мухиќ и Мисовски ова кривично дело не застарува и ќе одговараат

Како варварски чин реализиран преку злоупотреба на мандатот доверен од мандатите го оценуваат уставно правните експерти однесувањето на претсениците на СДСМ, ДУИ и оние раководени од Зијадин Села, и оценуваат дека случувањата во четвртокот треба да бидат утврдени како најголем политички и правен срам за Македонија, кој беше реализиран преку низа прекршувања.

„Граѓаните не ги гласаа да спроведуваат варваризам во претставничкиот орган на државата, туку ги гласаа за почитување на Уставот и на законите во земјата. Самиот чин на продолжување на седницата по нејзиното официјално завршување е тешка повреда на Деловникот, која потоа спирално ги создаде и останатите неуставни, незаконски и неделовнички дејствија финализирани во таканаречниот избор на претседател на Собранието“, вели за Република универзитетската професорка Татјана Каракамишева – Јовановска.

Таа посочува деа дека она што пратениците на СДСМ го направија по завршувањето на дваесеттото продлжение на конститутивната седница понесува и кривично-правна одговорност.

„Во услови кога не се води записник од собраниските служби, кога нема претседавач кој ја води седницата на местото утврдено за водење од каде ќе можат да го слушнат сите пратеници во салата, во услови кога беа згазени сите вообичаени и стандардни правила за текот на седницата, групата пратеници која се собра во делот каде вообичаено седат пратениците на СДСМ одлучија да си играат Собрание и да назначуваат нов претседавач на конститутивната седница. Тој нов претседавач потоа одлучи да си игра и да си назначи копретседавач кој продолжи да ја води пародијата од седница на која без да утврди кворум, без да види колку пратеници воопшто го слушаат ткн водење на седницата продолжи да глуми копретседавач и да става точки на дневен ред“, потесетува Кракамишева Јовановска

Според неа, во таквата правна и деловничка играрија, групата пратеници наводно избраа претседател на Собрание кој не само што е нелегален, бидејќи е избран на „шверцерски“ начин, со повреда на сите можни правила кои го уредуваат ова прашање, туку е и нелегитимен, бидејќи никој не знае со точност да каже колку пратеници гласаа за тој избор.

„Оваа игра од избор на претседател создаде многу незаконски дејствија коишто ќе мора итно да повлечат кривично-правна одговорност за сите учесници. Станува збор за сторување на неколку казниви дела утврдени во Казнениот законик за кои ќе мора кривично да се одговора. Кривичната одговорност мора да биде засилена за иницијаторот на групата пратеници, Зоран Заев, Ферид Мухиќ, но посебно за Горан Мисовски кој ја водеше оваа незаконска седница“, објаснува Каракамишева – Јовановска.

Наводно донесената одлука за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, која сé уште никој ја нема видено, како што оценува Каракамишева – Јовановска, нема правна сила, и како таква не може да произведува правно дејство кон никого. Одлуката, посочи, а не смее да биде објавена во Службен весник, бидејќи е донесена со сторување на кривични дела, и на целосно незаконски и неделовнички начин.