Свет

Експертите алармираат, се зголемува глобалното затоплување

Експертите алармираат, се зголемува глобалното затоплување

Одложувањето на мерките против глобалното затоплување само ќе ги зголеми трошоците и ќе ги ограничи можностите за справување со погубните последици од климатските промени. Ова се вели во новиот извештајот на експертите на Обединетите Нации, цитиран од американските медиуми.

Извештајот на меѓувладиниот панел за измени во климата, посочува дека глобалното затоплување ќе продолжи да расте, освен ако земјите не се пренасочат брзо кон чиста енергија и не се изборат со исфрлање на штетните гасови во атмосферата.

Во документот се констатира исто така дека штетните гасови во атмосферата глобално се зголемуваат за 2,2 отсто годишно во периодот од 2003 до 2010 година.

За споредба, во периодот од 1970 до 2000 година тоа годишно зголемување беше во просек 1,3 отсто, тврдат експертите.