Свет

Експертите предупредуваат: Европа се тресе, ако не се преземе нешто, ќе имаме секојдневни масакри

Експертите предупредуваат: Европа се тресе, ако не се преземе нешто, ќе имаме секојдневни масакри

Ниту половина од 2016 година не поминала, а веќе ќе остане запаметена по масовните убиства. Масакри во Париз, Брисел, Истанбул, Ница, Вирцбург и Минхен покажуваат дека веќе никој не е безбеден, тврдат експертите за безбедност.

Тие сметаат дека еднаква опасност претставуваат приврзаниците на Исламска држава, приврзаници на други екстемистички идеологии, но и како што ги нарекуваат „осамени волци“ кои немаат врски со радикални групации и кои по правило имаат ментални заболувања.

-Европските влади ќе морат да преземат непопуларни мерки, со цел да ја контролираат ситуацијата. Ако тоа не се случи, се плашам дека во Европа ќе завладее хаос и дека секој ден ќе гледаме масовни убиства, согласни се експертите.

На европско тло, до март годинава, убиени се 168 лица, а од јануари 495.

За само 8 дена од 14 до 22 јули, во Западна Европа се извршени дури 3 крвави напади во кои животот го загубија 93 луѓе.

-Сега е и повеќе од јасно дека насилството ќе завладее насекаде. И во метрополите како и во провинцијата, во возови, продавници, на улица, во клубови…Непочитувањето на човековиот живот е толку големо, што во догледно време и не може да се поправи, вели германскиот експерт, Јирген Клауфбаунд за „Штутгартер цајтунг“.

Од руската академија, Александар Камкин предупредува дека овие инциденти преставуваат многу поголема закана отколку што се мисли.

-Европските влади мораат да усвојат непопуларни мерки, во спротивно секојдневно ќе гледаме масовни убиства во Европа, вели Камкин.