Експертите предупредуваат: Кризата да се реши за да не страда економијата

Според последните прогнози на Народната банка на Република Македонија растот на македонската економија ќе биде преполовен доколку политичката криза продолжи. Се проценува дека економијата ќе забави. Така наместо проектираниот раст од 3,5 проценти, поради кризата, до крајот на годинава, економијата најверојатно ќе достигне раст од најмногу 1,6 проценти. Ќе се намалат потрошувачката, инвестициите, девизните резерви.

Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места, но и доста ниско ценовно ниво, вели гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Паниката на девизниот пазар е присутна, но не е толку изразена последниве денови. Централната банка воведе нови мерки што се очекува дека ќе дадат резултат.

НБРМ ја зголеми кредитната стапка на благајничките записи на 4 проценти, а донесени се и дополнителни монетарни мерки. Подобрени се условите за пласирање девизни депозити на домашните банки во НБРМ. Се очекува мерката да придонесе за намалување на трошоците на домашните банки и да предизвика раст на депозитната база.

Изгубија оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите

Паниката на девизниот пазар, предизвикана од политичката криза која предолго трае, не е ништо ново во Македонија, а централната банка и доволно инструменти и капацитет да се справи со истата. Според поранешниот гувернер, Љубе Трпевски, ова е трета банкарска паника во Македонија.

Трпевски: Изгубија оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите
Трпевски: Изгубија оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите

Првата беше 1999-та за време на бомбардирање на НАТО на поранешна Југославија, кога имаше голем бран на бегалци од Косово. Втората во 2001-ва година кога имаше внатрешен конфликт. Ова е тратата паника, која веќе се надминува и е најблага. Преземените мерки се очекувани и се во одбрана на денарот како национална валута. За разлика од кризите во минатото, сега и Народната банка е многу поспремна и со добар кадар, а исто така и банките се многу поздрави, добро капитализирани и со висока ликвидност, па затоа нема потреба од паника. Во однос на сегашните случувања, изгубија само оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите, а добија банките, објаснува Трпевски во разговор во Отвореното студио на ТВ Нова.

Според него…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.