Експертите предупредуваат: Кризата да се реши за да не страда економијата

Тие кажаа ја дигаме каматната стапка, ќе го браниме денарот, но не повикаа ликвидност од банкарскиот сектор. Затоа не смееме да ги зголемиме, па веднаш да ги намалиме каматните стапки. Ќе продолжиме да се однесуваме нормално. За да го задржиме кредибилитетот, не смееме да ги зголемиме денес каматните стапки и утре да ги повлечеме. Народна банка ни вели внимавајте со ликвидноста, па ние ќе ги следиме мерките и ќе го прилагодиме нашето однесување. Имаме сериозна ситуација која се обидуваме да не ја направиме покомплицирана, објаснува првиот човек на Шпаркасе банка.

Денaрот останува стабилен

Универзитетскиот професор Трајко Славески, во отвореното студио на ТВ Нова, истакна дека се зголемува интересот на штедење на домашната валута, па можеме да бидеме комотни дека денарот е стабилен.

slavevski

Сите анализи од домашните институции, како и монетарниот фонт укажуваат дека реалниот девизен курс на Република Македoнија е врамнотежен, односно не отстапува од неговата врзаност за еврото. Далеку сме од некои нарушувања, дали од политичка, безбедносна природа, барем во овој период може да бидеме комотни дека денарот е стабилен, а мерките на Централна банка се само мал дел од нивниот арсенал. При услови на продлабочување на кризата централната банка располага со доволно инструменти за да ја задржи контролата, вели Слаевски.

Од друга страна, пак, доколку кризата на политички план продолжи, силен удар ќе примат странските директни инвестиции. Според Славески, инвеститорите сакаат да имаат доверба пред да инвестираат.

Во 2007-2008 година бев дел од владини делегации каде разговаравме со инвеститори. Се случи финансиската криза во 2008 и десетици ги одложија своите инвестиции. Инвеститорите се чувствутелни во однос на вложувањата и ќе размислат неколку пати дали да инвестираат. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи, изјави универзитетскиот професор Трајко Славески во отвореното студио на ТВ Нова.