Магазин

Експертите предупредуваат: Не ја читајте оваа вест!

Експертите предупредуваат: Не ја читајте оваа вест!

Неодамнешно американско истражување, објавено во списанието „Харвард Бизнис Ревју“ открива дека конзумирањето на негативни информации не чини подепресивни и помалку продуктивни.

Експертите исто така истакнуваат дека лошите вести кои ќе ги слушнеме наутро директно го поткопуваат нашиот елан за работа па со самото тоа и нашата продуктивност на работа.

На радио, на информативните канали апликациите, весниците, Фејсбук – секаде сме изложени на вести кои се негативни со оглед на тоа дека добрите некако ги има се поретко.

Научниците поделиле 110 „конзумирачи“ на утрински вести во две групи од кои една по будењето била подложена на десетминутно слушање депресивни новости, додека другата во период од три минути следела позитивни новости.

Шест часа подоцна, секој од учесниците во експериментот одговарал на прашалник за да се утврди колку се под стрес, а колку од нив спокојни.

Тестот покажал дека личностите изложени на „лоши вибрации“ имаат 27 отсто поголеми шанси во текот на денот да бидат депримирани или под стрес. Истражувачите нам секако не не советуваат да не се информираме, но препорачуваат да не ги уклучуваме телевизорот и радиото веднаш штом се пробудиме или пак барем да одбираме „попозитивни станици и канали“.