четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Експертите согласни: Позитивни оцени за „Од град во село за нов почеток“

Земјоделските експерти со позитивни оцени за мега проектот кој вчера го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

nov-proekt-selo-grad-640x295

Последни вести

Со „Од град во село за нов почеток“ се нуди голема помош за граѓаните кои ќе донесат одлука од град да се преселат на село без разлика дали порано направиле емиграција од село во град.

Груевски потенцира дека на овие лица ќе им биде понуден  исклучително поволен пакет мерки и бенефиции кој опфаќа  парични средства за купување или доизградба, реновирање на куќа на село, бесплатно земјиште за работа и искористување на бројните мерки кои им стојат на располагање на земјоделците.

Оваа мерка можат да ја искористат лица кои претходно живееле во село, а сега се преселиле во град и се уште имаат имот во селото каде живееле. Мерката можат да ја искористат и оние кои мигрирале, а немаат куќа во село. Исто така, мерката им е на располагање на лицата кои живеат во град и се невработени или  пак вработени, но со многу ниски примања, лица чии вкупни месечни примања на целото семејството не ја надминуваат просечната бруто плата од 32.074 денари, односно нето плата од 21.813 денари.

На ТВ Нова синоќа се одржа дебата на која беа истакнати добробитите од овој проект.

Враќањето на луѓето во селата, ќе се зголеми и севкупното земјоделско производство, објасни заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

-Ќе има повисоки приходи и за земјоделството и генерално во делот на учеството на земјоделското производство во бруто домашниот производ и на тој начин да овозможиме оние коишто ќе се вратат на село, покрај тоа што би ги користеле овие мерки, да имаат поквалитетен род, поголема продуктивност и подобри приходи, рече Костадиновски.

Vancho-Kostadinovski

Деканот на Земјоделскиот факултет Драги Димитриевски во дебатата на ТВ Нова дава позитивна оцена.

-Ова е еден комплексен проект во кој што гледаме некои нови субјекти, нови земјоделци да влезат во секторот на земјоделство. Последниве десетина години навистина со мерките на аграрната политика и со зголемување на буџетските поддршки, но и други политики кои се спроведуваат во делот на земјоделството станува еден атрактивен бизнис во кој покрај постоечките семејни земјоделски стопанства мислам дека побудува интерес и кај една млада популација која што би сакала да се вклучи во земјоделското производство и во која што ја гледа својата егзистенција. Самиот проект нуди одредени нови мерки кои слушнавме дека ќе бидат комплементарни со веќе постоечките мерки кои што се изградени и кои земјоделците веќе ги користат. И другите политики кои сигурно се комплементарни, социо-економскиот дел на мерките кои што ги гради државата, сигурно дека ќе придонесе за натамошен развој на руралните средини, а посебно на развој на селските средини. Еден период на депопулација на тие рурални средини предизвика еден голем дел од селските средини да бидат масовно напуштени од популацијата. Тие капацитети кои се оставени сигурно дека треба да ги ставиме во функција на производство на храна и во функција на едно поинтензивно земјоделско производство, рече Димитриевски.

dragi-dimitrievski-nova

Изминатиов период се презентирани пет проекти од областа на земјоделието и истите се од големо значење за македонскиот земјоделец, вели Никола Стаменов од Федерацијата на фармери на Македонија.

Сето тоа е со цел, вели Стаменов, да на земјоделецот му се овозможи земјоделието да биде изворна гранка од каде што тој ќе го одржува своето семејство.

-Сите овие мерки се прифатени од страна на земјоделците. Ние остваруваме секојдневни контакти со земјоделците, ресорното министерство, со Владата, бидејќи како Федерација на фармери, односно како претставници на нашите земјоделци сме социо-економски партнер со Владата на Македонија каде што ние нашите барања ги презентираме и на институционален начин успеваме да се избориме за нашите барања, појасни Стаменов.

Она што сега се прави со овие мерки, смета тој, дава стимул за нашиот земјоделец, дека има некој кој стои зад него и сака да му помогне. Вака се постигнува европско земјоделие.

-Се вреднува трудот на земјоделецот онака како што треба да се вреднува, а комоцијата и задоволството на македонскиот земјоделец уште повеќе ќе биде изразено кога ќе почнат да се имплементираат сите овие мерки, вели Стаменов.

stamenov

Во дебатата на Телевизија Нова во која се зборуваше за предизвиците во земјоделството учествуваше и претседателот на Агробизнис комората при ССК, Огнен Оровчанец.

Според Оровчанец, нешто што се истакнува во изминативе триесетина години е дека без државна поддршка не може да има сериозно земјоделско производство.

-Мораме да се вратиме назад, до 2006 година субвенциите во Македонија беа шест милиони евра. Денеска се 140-150 милиони евра. Најновите проекти само ги потврдуваат оние позитивни искуства што се забележани во светот на задржување на популацијата во одредени региони, додаде Оровчанец.

ognen-orovchanets

Груевски вчера ги образложи бенефитите кои им се нудат на заинтересираните граѓани:

  1. Субвенционирање на трошокот за купување илиреновирање или градба на куќа, до најмногу 6.000 евра. Висината на оваа субвенција се одреди по истражувањето направено на цената на куќите во селата, која е далеку пониска отколку во градовите, пред се заради немањето побарувачка за нивно купување и миграцијата село град. Оние кои веќе имаат куќа на село, ќе може субвенцијата до 6.000 евра да ја искористат за реновирање, доградба, надградба  или на самата куќа, или на земјоделски објекти како плевни, штали, магацини, складишта, силоси и слично.
  2. Добивање на бенефиции за давање на државно земјоделско земјиште  до 3 хектари бесплатно. Секој кој ќе се одлучи да се пресели на село преку оваа мерка доколку се одлучи за обработка на земја и садење растенија ќе добие 3 хектари земја за обработка бесплатно. Доколку корисникот изрази желба за повеќе земја ќе има можности во рамките на постоечките законски решенија, односно огласи кој се под стандардните услови да добие дополнително државно земјоделско земјиште, односно 120 евра од хектар за прва и втора класа земјиште, 90 евра по хектар за трета и четврта класа, 60 евра за 5 и 6 та класа, 30 евра за 7 и 8 класа.
  1. Се предвидува и доделување на еднократна месечна субвенција, односно парична помош за почеток за прилагодување кон животот на село во висина од 15000 денари месечно, во тек од 18 месеци или вкупно 270 илјади денари. Ова е особено значајно за стабилизирање на семејството, егзистенција и почетен капитал за поддршка во развојот на бизнис. Ова треба да ја осигури егзистенцијата во периодот додека не стигнат првите приходи од земјоделската дејност;
  1. Посета на задолжителни обуки за претприемништво, започнување и водење сопствен бизнис, како и специјализирани бизнис обуки за земјоделство и најдобри земјоделски практики. Ова е особено значајно за оние кои за прв пат започнуваат со земјоделски бизнис. Преку Агенцијата за вработување, откако ќе биде распишана тендерска постапка ќе биде избрана специјализирана агенција која ќе врши специфични обуки за развивање на претприемачки дух и знаење, истовремено ќе биде искреирана и посебна програма за стекнување и обуки и знаења од областа на земјоделието.
  1. На располагање ќе биде и новопромовираниот проектот за ангажирање на професионални земјоделски советници кои веќе беа најавени како дел од пакетот на земјоделски мерки.
  1. Други поволности кои стојат на располагање во рамките на постоечките програми е користење на новата мерка од 80% поддршка од државата за инсталирање на систем „Капка по капка“за најмногу до 50 хектари и 80 отсто поддршка за изградба на бунари.  Со воспоставувањето на механизмот „Капка по капка“ ќе се овозможи дополнително зголемување на приносот за два, три или повеќе пати, што ќе значи и зголемување на приходите за неколкупати.

gruevski sl

  1. За лица кои се заинтересирани да се занимаваат со сточарство ќе може да ја искористат новопромовиранта мерка за 80% поддршка од државата за набавка на високо приносен добиток, со што исто така за неколку пати ќе го зголемат приносот и ќе обезбедат зголемени приходи; Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 10 милиони денари по корисник, финансиски средства со кои можат да се набават и до 100 крави или 1000 високо приносни кози или 800 високо приносни овци.
  1. Ќе се овозможи и мерка бесплатна концесија за пасишта која што ќе биде наменета единствено за корисниците на овој проект и тоа за крупен добиток еден хектар по грло најмногу до 5 грла, односно 5 хектари,а за ситен добиток 0.2хектари по грло, најмногу до 50 грла ситен добиток односно 10 хектари.
  1. Достапна е помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност. Се доделува на секој млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност. Станува збор за неповратна финансиска поддршка во висина до  600 илјади денари или 10 илјади евра за реализација на инвестициски план на корисникот за период од најмногу 3 години. Право да аплицираат за овој вид на поддршка имаат лица со возраст од 18 до 40 години. Овие пари може да се искористат за дополнителна набавка на добиток, изградба на фарми, приклучна механизација.
  1. Исто така достапна е и финансиска поддршка во висина од 50% кофинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора -фацелија, еводија и багрем на нови површини. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници. Поддршката се доделува врз основа на реализирани инвестиции за набавка на садници, набавка на потпорна конструкција,  услуги од трети лица за подготовка на почвата и садење на садниците, во висина до 2,5 милиони денари по корисник.
  1. Финансиска поддршка во висина од 50% за набавка на трактори и земјоделска механизација за житни и индустриски култури во висина на поддршката до 3,5 милиони денари по корисник. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници.
  1. Финансиска поддршка во висина од 50% кофинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за набавка на пчелни матици и опрема во пчеларството. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници. Поддршката се доделува за набавка на пчелни матици, набавка на рамки и сандаци, набавка на опрема за одгледување на пчели, услуги од трети лица за изработка и инсталирање на опремата. Максималната вредност на поддршката е до 600 илјади денари за набавка на пчелни матици и до 800 илјади денари за набавка на опрема во пчеларството.
  1. На корисниците ќе им стои на располагање можност за рганизирање во задруги а со тоа и можност за повисоки субвенции од 7 или 15%.

Најчитани вести