четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 43

Експертите согласни: СДСМ тоне поради деструктивност, граѓаните веруваат во ВМРО-ДПМНЕ

Анкетата реализирана од институтот „Димитрие Чуповски“ ги зацементира позициите на народот. Тие се уште имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, а се помалку му веруваат на СДСМ. Според анкетата 39,2 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ.

vmro-dpmne-sdsm_thumb_medium500_254

Поврзани вести

Анкетата реализирана од институтот „Димитрие Чуповски“ ги зацементира позициите на народот. Тие се уште имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, а се помалку му веруваат на СДСМ. Според анкетата 39,2 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ.

Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот „Димитрија Чуповски“  спроведено помеѓу 30 Март и 2 Април 2016 година.

„Курир“ пренесува дел од изјавите на експерстката јавност, според кои, ваквите резултати се очекувани со оглед на фактот што граѓаните секогаш избирале проекти и работа наспроти деструктивност.

Професорот Тони Науновски во изјава за КУРИР вели дека во ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа сето она што гарантира оддржување и развој на државата, а кај СДСМ граѓаните гледаат и погрешни, антиполитички дејства.

Високиот гласачки рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ е втемелен врз повеќе објективни причини – од континуитетот на нивните партиски политики и кохерентноста на нивното делување, до идеолошката стабилност и систематскиот пристап кон решавањето на проблемите и предизвиците со кои се соочува нашата држава, а такви имаше многу посебно во изминатава година и половина. Конкретно, денес, после сите нерационални и погрешни, антиполитички дејства на актуелното раководство на СДСМ, големата колективно-психолошка мотивација на гласачите во Македонија главно произлегува од фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа сето она што гарантира оддржување и развој на државата. Длабинската индивидуална гласачка мотивација денес е во стадиум на силен пресврт во индивидуалните мисловни перспективи во кои доаѓа до поклопување односно политичка идентификација на ВМРО-ДПМНЕ и сопствените интереси.  Кај гласачите се случува постојано рационално преиспитување на политиките на определена политичка партија, и во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ се покажа како стожер на стабилна Македонска држава. Просто, денес, сериозна политичка алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ нема, со оглед на сето деструирање на основите на државата, Уставот и правниот систем кои ги доживеавме во изминатиот период од некои таму од СДСМ. Оттаму, извесно е дека до изборите на 5 Јуни и онака високиот гласачки рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ константно ќе се зголемува, што ќе доведе до стабилна Влада и нормално функционирање на системот на институции на Македонската држава, она што денес им е најмногу потребно на Македонските граѓани, вели Науновски за КУРИР.

Токму ваквите резултати од анкетите за испитување на јавното мислење, според експертите, се причината поради која лидерот на СДСМ бега од изборите кои самиот си ги бараше.

Политичниот аналитичар Филип Петровски смета дека СДСМ и Зоран Заев по секоја цена и поради каков било изговор ќе се обидат да не учествуваат на изборите. Според Петровски, таквиот план на Заев доаѓа од свесноста дека доколку излезе на избори ќе доживее тежок пораз.

Бегањето од избори е единствената можност за Зоран Заев. Ако тој се појави на изборите знае дека ќе ги загуби. Во таков случај ќе ја загубии позицијата во својата партија. Во спротивно, ако ги одложува изборите и не оди на нив, тој ќе ја задржи позицијата во партијата и затоа не му е проблем да ја продолжува кризата до недоглед. Затоа и постојано поставува нови и нови изговори. Најдобар пример за тоа е изборниот список. За Заев прво беа спорни 200 илјади, па 100 илјади, па 40 илјади гласачи, за на крај да дојдеме до илјада лица што се починати. Тоа најдобро ја покажува играта на Заев. Тој не смее да оди на избори затоа што ќе загуби со 200 илјади гласови разлика и нема друга можност за маневар освен да излезе надвор од институциите. Само ако Заев не излезе на изборен натпревар не може да биде поразен, изјави Петровски во дебатата на ТВ Нова.

Познавачите на состојбите велат дека на раководството на СДСМ му е сосема јасно дека освен што сега има катастрофален рејтинг, довербата која граѓаните ја имаат во нив дополнително ќе се намалува. Наводната борба за слобода на СДСМ нема да го крене рејтингот на опозицијата затоа што во очите на граѓаните тоа е негативна кампања.

Според професорката Татјана Каракамишева Јовановска, картата на СДСМ е радикализација на политичката состојба.

Радикализацијата ќе треба да биде во рамките на уставот и законите, СДСМ најавија дека ќе се движат во рамките на законските механизми кој што им стојат на располагање, иако никој не го зема в предвид фактот дека сите тие законски механизми може да се прелеат и да станат незаконски, вели Каракамишева.

Според експертите, ваквиот резултат на анкетите се должи и на разочарувањето кај граѓаните од делувањето на министрите на СДСМ кои не реализираа ниту еден проект.

Најчитани вести