Експлодира бомба во центарот на Москва, најмалку петмина повредени

Експлодира бомба во центарот на Москва, најмалку петмина повредени
Експлодира бомба во центарот на Москва, најмалку петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени кога синоќа на една автобуска станица во центарот на Москва експлодирала рачно изработена бомба, соопшти денеска локалната полиција.

Бомбата експлодирала во дел од градот каде што се наоѓаат голем број кафулиња и ресторани.

– Започната е истрага против ваквото хулиганство, изјави портпаролот на московската полиција Максим Колосветов.

Другиот полициски портпарол Андреј Галиакберов истакна дека првичните информации од истрагата покажуваат дека експлозивот е фрлен или од автомобил или од некоја висококатница во близина, при што неколку лица се повредени.

Здравствените служби потврдија дека четири лица се хоспитализирани синоќа, а денеска е примено уште едно лице.

Претходно полицијата соопшти дека е можно експлозијата да била предизвикана од рачно изработени петарди.