Експлодирала фабрика во Бугарија, 15 загинати

Во фабрика која се наоѓа околу 120 км северно од бугарската престолнина Софија, дојде до експлозија и се стравува дека се загинати 15 лица, додека три лица се повредени, јавуваат бугарските медиуми.

Експлозијата се слулчила доцна синоќа во селото Горно Лом, а полицијата соопшти дека се слушнале серија помали експлозии кои траеле неколку часа, пренесува АП.

Шефот на цивилната одбрана Николај Николов изјави дека спасувачките тимови ќе извршат инспекција на местото на несреќата дури 24 часа по експлозијата кога ќе се знае точниот број на згинати.Причината за експлозијата во фабриката која е во приватна сопственост засега е непозната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.