Експлозија на автобомил во Гетеборг, еден загинат

Едно лице загина, додека повеќе се потешко повредени при експлозија на автомобил во центарот на Гетеборг. Во моментот на експлозијата во автомобилот се наоѓале пет лица, меѓу кои и едно дете, кое е тешко повредено, пренесува МИА.

– Возилото е целосно уништено по експлозијата, изјави портпаролот на спасувачката служба Босе Андерсон.

Причината за инцидентот се уште не е позната, а истрагата е во тек.