вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

Експлозија на бомба пред експозитура на „Еуробанк“ во Атина

Според полицијата, експлодирала помала експлозивна направа, која ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила помала материјална штета и на соседните згради.

133662344

Последни вести

Експлозија на бомба синоќа одекна пред експозитура на „Еуробанк“ во Атина, но нема ниту загинати, ниту повредени лица.

Според полицијата, експлодирала помала експлозивна направа, која ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила помала материјална штета и на соседните згради.

Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле натаму.

Истовремено, еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии.

Најчитани вести