среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 24

Експлозија на бомба во југоисточна Турција: Загинаа тројца полицајци

Најмалку тројца полицајци загинаа денеска при експлозија на бомба во југоисточна Турција, информира турската телевизија Хабертурк, а пренесува МИА.

racii-turcija

Последни вести

Најмалку тројца полицајци загинаа денеска при експлозија на бомба во југоисточна Турција, информира турската телевизија Хабертурк, а пренесува МИА.

Рачно изработената бомба била детонирана при минување на оклопно полициско возило крај неа на пат во округот Мардин.  Како што јавува ТАСС, според властите, експлозивната направа била подметната од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

САД, ЕУ и Турција оваа курдска група ја сметаат за терористичка организација. Групата од 1984 година води вооружена борба против турската држава. Насилството драстично се засили откако во јули минатата година ПКК се откажа од прогласеното примирје.

Најчитани вести