Експлозија на езеро во Турција, петмина повредени

Петмина турски работници се ранети денеска при експлозија за време на изградба на вештачко езеро во југоисточна Турција, јави турската агенција Доган, пренесе МИА.

Експлозијата се случила утринава во реон на градот Силван, во округот Дијарбекир. Во моментот на експлозијата, на работното место биле 30 работници.

Повредените работици се префрлени во болница.

Почната е истрага за причините кои довеле до инцидентот.

Во Турција често се случуваат инциденти на работното место. Оваа земја се наоѓа на трето место во светот според смртноста на работните места, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.