Експлозија на гасовод во Америка повреди десет лица, една куќа пеплосана

Најмалку десет работници се здобиле со повреди при експлзоија на гасовод во американската држава Њу Џерси.

Локалната полиција соопшти дека експлозијата се случила додека работниците поправале оштетување на гасовод. Од пожарот еден дом е целосно уништен, а неколку се оштетени.

Според зборовите на сведоците, прво слушнале силна експлозија,а потоа виделе густ црн облак. Набрзо потоа виделе и куќа како гори,а  пламените јазици брзо се ширеле. Еден маж рекол дека од силната експлозија се скршиле и прозорците и вратата од неговиот дом.

Полицијата стравува дека има и жртви.