Експлозија на метеор го осветли небото над Букурешт

Пред два дена во раните утрински часови на небото над Букурешт експлодира метеор, а светлината ја претвори ноќта во ден, пишува српски Блиц, повикувајќи се на информации од Машабл.

Дезинтеграцијата на метеоритот над Б укурешт била снимена од неколку камери низ градот.

Како што се наведува во соопштението од Романската вселенска агенција (РОСА) настанот бил предизвикан од метеорид, кој во земјината атмосфера навлегол на височина од 50 до 70 километри, на подрачјето помеѓу Букурешт и Вранце.

Не е познато дали овој метеорид преминал во метеорит, т.е. дали еден негов дел го преживеал поминувањето низ атмосферата на нашата планета и паднал на земјата. Најверојатно тој изгорел во атмосферата затоа што не се забележани никакви штети, пренесува РОСА.