Експлозија на реактор во „Шел“

Две лица се полесно повредени при експлозија на реактор, што предизвикала голем пожар во хемиска фабрика на нафтената компанија „Шел“ во холандскиот пристаништен град Ротердам.
Експлозијата, за која се уште не се утврдени причините, се случила во момент на смена на дежурните екипи.
Локалните медиуми информираат дека жителите во близина на фабриката слушнале експлозии и виделе огромни пламени јазици како се креваат во ноќта.
Во регионот на пожарот е прекинат патниот и поморскиот сообраќај.