Експлозија на резервоар ќе го запалеше националниот парк Маврово

Камион кој превезувал дрва се запалил во националниот парк Маврово во близина на Леуново.

Пожарот настанал поради експлозија на резервар полн со гориво, објавува порталот Локално.мк.

m1

За среќа нема повредени, бидејќи возачот навреме го забележал пламенот кој излегувал од моторот, пробал да го изгаси пожарот, но не успеал и потоа се оддалечил од возилото.

m2

Противпожарните екипи пристигнале по 30 минути откако целото возило било во пламен, но спречиле понатамошно ширење на огнот кон бујната вегетација во околината.