Експлозија пред болница во Турција, над 50 повредени

Експлозија пред болница во Турција, над 50 повредени
Експлозија пред болница во Турција, над 50 повредени
Најмалку 50 лица се повредени во силна експлозија која одекна пред болница во турската провинција Мардин, во југоисточниот дел на земјата, јавуваат локалните меидуми.

„Хабер Турк“ јавува дека експлодирало полициско возило кое минувало покрај болницата и оти се слушнала пукотница, јавува Раша тудеј.

Истовремено, западните медиуми јавуваат за повредени 10 лица, полицајци и цивили, во бомбашки напад во близина на болница во провинцијата Мардин.

Турски безбденоси власти тврдат дека нападот бил изведен од припадници на Курдската работничка партија, а насочен против полицајците стационирани во близина на болницата.