Експлозија пред иранската амбасада во Триполи

Две бомби денеска експлодираа пред влезот на резеиденцијата на иранскиот амбасадор во Триполи. Во експлозиите нема повредени.

Резиденцијата на иранскиот амбасадор се наоѓа во центарот на главниот град на Либија.

Амбасадите на Алжир, на Египет и на Обединети Арапски Емирати претходно беа мета на бомбашки напади, исто така без жртви. Поголем број од западните држави и Обединети нации минатата година го повлекоа дипломатскиот персонал од Либија поради борбите на реивалските фракции за контрола над Триполи.

bomb