Експлозија пред канцеларија на грчки министер

Импровизираната експлозивна направа експлодираше пред канцеларијата на грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Михелакис доцна синоќа, пишува весникот „Катимерини“.

Според информациите од полицијата, бомбата била поставена пред канцеларијатат на министерот на улицата „Америкис“ во центарот на Атина. При експлозијата нема повредени, но е причинета материјална штета. За нападот Михелакис посочи дека оние кои се обидуваат да ја дестабилизираат земјата и да шири страв во општеството се осудени на пропаст.

„Оваа држава има институции и демократијата, не може да биде тероризирана“, истакнал министерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.