Експлозија пред објект на НАТО во реонот на Измир

Слаба експлозија одекна утрово пред објект на НАТО во западниот турски округ Измир, јави Си-Ен-Ен Турк.

Според телевизијата, при експлозијата, што се случила околу 8 часот по локално време (7 часот по средноевропско време) во реонот на Ѓултепе, нема човечки жртви, но се предизвикани штети на ѕидот на воениот објект.

Веднаш по експлозијата турската полиција го болкираше реонот околу објектот на НАТО. Во тек е истрага за утврдување на причините за експлозијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.