Експлозија пред шпанската Амбасада во Триполи

Бомба експлодира синоќа пред шпанската Амбасада во либискиот главен град Триполи, јави ФЕНА.

– Слушнавме силна експлозија, изјави еден жител на Триполи, кој живее во близина на Амбасадата.

Шпанскиот весник „Ел мундо“ објави дека никој не е повреден, бидејќи Шпанија ,како и повеќето западни и арапски земји, ги повлекла своите дипломати минатото лето, откако избија тешки судири меѓу ривалските вооружени групи во Триполи.

На фотографиите, објавени на социјалните мрежи може да се види штетата, која е предизвикана на ѕидовите на зградата.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Милитантите, лојални на Исламска држава ја презедоа одговороста за серија недоамнешни убства на странци, како и за напади врз амбасади и нафтени полиња во Либија.