Експлозија прекина доток на гас од Иран кон Турција

гас

– Дотокот на ирански гас кон Турција е привремено запрен поради напад на опозициските групации во Турција вчера, околу 18.30 часот по Гринич (19.30 по средноевропско време), изјави претставникот на иранските власти Маџид Агхај.

Саботажите на енергетската инфраструктура се честа појава во југоисточна Турција, каде е активна Курската работничка партија (ПКК). Во Југоисточна Анадолија, која е населена претежно со Курди, постојано се случуваат  нереди и насилства по неуспехот и прекинот на примирјето меѓу Турската Држава и нелегалната ПКК во јули минатата година.

Нелегалната милитантна група е сметана за терористичка од страна на Турција, ЕУ и САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.