Експлозија во Атина

експлозија

Грчката полиција соопшти дека експлозијата била со мала моќност, дека нема настрадани лица и дека се предизвикани само помали материјални штети.

Претходно, непознато лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефимерида тон синдактон“, предупредувајќи дека „за половина час ќе експлодира бомба“.

Како што наведоа од редакцијата, анонимниот маж побарал за тоа да не ја информираат полицијата.

Реонот околу местото на експлозијата бил евакуиран пред да биде активиран експлозивот.

Досега некој не презеде одговорност на експлозијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.