Експлозија во близина на џамија во Париз

Рано утринава во ресторан во близина на џамија одекна експлозија во градот Вилфарнш сур Саон на истокот на Франција.

Како што соопшти АФП, повикувајќи се на информации од полицијата засега нема информации за повредени лица.

Според властите станува збор за криминално дејствие, а засега нема информации дека овој инцидент е поврзан со нападот врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.