Експлозија во близина на прифатен центар за мигранти во Германија

Во близина на прифатниот центар за бегалци во Цирндорф, во близина на Нинберг денеска одекна експлозија.

Според Баварската радиотелевизија експлодирал куфер полн со спрејови, а според првичните информации нема повредени.

Според полицијата нема индикации дека во куферот имало експлозиви или бомба.

Инцидентот се случи на 200 метри од прифатниот центар за бегалци. Во моментов се распоредени поголем број полицајци во комплексот што содржи и прифатен центар но и канцеларија за поднесување барања за азил.