Балкан

Експлозија во центарот на Осијек

Експлозија во центарот на Осијек

Силна експлозија утринава оштети една зграда на Плоштадот Јосип Јелачиќ во Осијек. Станарите биле евакуирани, а се трага за едно лице кое живеело во подрумски стан, веројатно кое било средиште на експлозијата, соопштија пожарникарите од Осијек.

Според командирот на Пожарникарската единица, најмногу штета има во подрумскиот стан за кој се претпоставува дека е средиште на експлозијата.

Експлозијата се случила во стара зграда која сега значително е оштетна, до толку што извесно време нема да може да се користи.
Една од причините би можела да биде собирање на гас во подрумската просторија.